Битолскиот фотограф Сашо Ставрев подготви изложба со фотографии од фестивалот „Браќа Манаки“
Фотоизложба посветена на 45-годишнината на ИФФК „Браќа Манаки“ на 31 октомври, во 19 часот, ќе биде отворена во Кристалната сала на КИЦ Офицерски дом во Битола. Автор на фотографиите е Сашо Ставрев, кој редовно го следи филмскиот фестивал со години наназад.
Препорачано
Изложбата на Сашо Ставрев содржи повеќе стотици фотографии, кои ќе бидат прикажани на 28 паноа. Фестивалската палата низ годините, статуетките на фестивалот, лауреати и разни филмски работници од целиот свет, филмаџии и филмски ѕвезди, филмски режисери и Оскаровци биле во фокусот на објективот на Ставрев.
Изложбата ќе долови и моменти на заедничко дружење, необични моменти, повторно доаѓање низ годините, генерации на филмаџии „татко и син“, селфи фотографии, амбиент, автограми, мастер класови и многу информации за добитниците на наградите за животно дело, како и наградите „Камера 300“.
– „Една за мене, една за историјата“. Тоа беа зборовите на Милтон Манаки. Доказ дека Битола не случајно е град со посебна творечка енергија, харизматични луѓе и случувања е фотоизложбата на Сашо Ставрев – истакнуваат од КИЦ Битола – Офицерски дом.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


