Без грам срам Кејт го носела овој фустан на себе кога прв пат го сретнала Вилијам, а еве каков бил неговиот КОМЕНТАР! (ФОТО)

профимедиа

Фустанот во кој војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон го завела принцот Вилијам е парче облека за кое никогаш не би ни помислиле дека ќе му се допадне на еден принц.

Кејт Мидлтон тогаш била студент на Универзитетот “St. Andrews” и тогаш учествувала во една хуманитарна ревија, а со својата појава го освоила принцот Вилијам.

Она што е најинтересно е дека таа на пистата прошетала во мини проѕирен фустан со тиркизна трака над градите.

Под тој фустан имала црна долна облека која целосно била видлива.

Принцот, нормално седел во прв ред и веднаш штом ја видел Кејт и кажал на својата пријателка Фергус Бојд – „Вау, оваа Кејт е баш секси“.

профимедиа

Кејт пред неколку години се пошегува на прославата на 600-годишнината од факултетот кога им порача на студентите да „внимаваат кога учествуваат во модните ревии бидејќи никогаш не се знае какво парче облека ќе добијат“.

Интересно е дека парот не ја повика на венчавката креаторката која ги спои, но затоа таа дебело заработи на него во 2001 година кога го продаде овој култен фустан за 125 илјади долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот