Беше вистинска убавица и жена на славниот актер, а денес живее на улица и собира храна од контејнери (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Лони Вилсон и Џереми Џексон беа во брак од 2012-та до 2014-та година, а нивниот брак заврши по многубројните караници.

Некогаш работела како манекенка и уживала во луксузниот живот, но Лони Вилсон, сопругата на поранешната ѕвезда на „Baywatch“, Џереми Џексон, сега е бездомничка и јаде храна од контејнери.

Таа исчезнала пред две години, а сега се појавила по улиците на Лос Анџелес и едвај кој ја препознал. Изгледа целосно постаро и тешко е да се погоди дека станува збор за жена од 37 години.

Фото: Профимедиа

Вилсон во петокот во Лос Анџелес одела со количка полна со облека, торба во која што се наоѓала перница. Во устата имала цигара, а нејзината руса некогаш долга коса сега е кратка и офарбана со розови прамени.

Фото: Профимедиа

Лони на себе имала неколку слоеви облека и носела карирана кошула, а била забележана како од контејнерите зема храна која што ја пронашла внатре.

Инаку, поранешната манекенка од 2012-та до 2014-та година била во брак со Џереми, а потоа во 2018-та година исчезнала, кога нејзините пријатели се обиделе да ја убедат да оди во клиника за одвикнување и да ги реши своите ментални проблеми.

Фото: Профимедиа

„Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да зборувам со своите пријатели, добра сум. Не сакам никој да ми помогне. Можам сама да се снајдам, имам се што ми треба тука“ – изјавила Лони за „The Sun“.

„Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Набавувам пари некогаш и имам храна во контејнерите во близина на маркетите. Има многу работи тука“ – истакнала таа.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот