Бела Хадид - Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Бела Хадид откри колку тежат ангелските крилја кои ги носеше на ревијата на „Викторијас сикрет“

Бела Хадид ја откри изненадувачката тежина на ангелските крилја, кои ги носеше на модната ревија на „Викторијас сикрет“ на 15 октомври. Иако изгледаат лесни и етерични на пистата, реалноста е многу поинаква, пишува „Пипл“.

На фотографијата споделена на нејзината инстаграм-приказна, Бела позираше во сребрена металик танга и огромни бели крилја. Таа напиша опис на фотографијата и откри колку всушност тежеле крилјата. „Добро, ајде да се преправаме дека овие крилја не тежеа 22 килограми, но толку се прексрасни“, напиша Бела.

Нејзиниот сребрен ансамбл не беше единственото нешто што го привлече вниманието. Бела, чија сестра Џиџи Хадид исто така блескаше на пистата, изгледаше подеднакво зачудувачки додека одеше во црвен чипкаст градник и гаќички за време на настапот на пејачката Карол Џи.

Таа не е единствениот ангел на „Викторијас сикрет“ што носи тешки крилја за годишната ревија. Во 2014 година, Алесандра Амброзио процени дека нејзините крилја украсени со скапоцени камења од 2011 година тежеле околу 27 кг. Моделот Барбара Палвин, исто така, откри дека носела крилја тешки околу 18 кг на ревијата во 2024 година.

Се поставува прашањето како моделите успеваат да одат по пистата со таков товар. Тајната лежи во месеците подготовки што вклучуваат строга рутина на вежбање и внимателно испланирана диета за максимална сила.

„Јадам многу протеини секој ден и вежбам по три часа секој ден“, изјави Бела за „Пипл“ пред шоуто на „Викторијас сикрет“ во 2016 година. „Лудо е, но мислам дека ако се посветиш на нешто, можеш да го оствариш.“

 

ФОТО | Се одржа најинклузивната ревија досега на „Викторијас сикрет“: Еве ги најдобрите моменти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот