Аземи парично награден за бронзениот медал на Европското првенство во бокс!

Фото: bfm.mk

Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари повод успехот на Европското првенство во Будва, парична награда е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.

Еве што изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски повод успехот во Будва:

– Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Георгиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско Европско првенство.

Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на ЕП во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски, благодарни сме за сè што направија во промоција на македонскиот бокс.

Фото: bfm.mk

Сакам да упатам посебна благодарност и до „Алкалоид“ и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно – рече Димовски на прес конференцијата.

Аземи е задоволен до резултатот во Будва и освоениот бронзен медал, најави дека ќе продолжи да работи посветено за нов успех.

– Ѝ благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на европското првенство, направив сè да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на Светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва – се зборовите на Аземи.

ВИДЕО: Ардијан Аземи го доби медалот на ЕП во бокс

Тренерот на нашиот медалист, Насер Харуни потенцираше дека освојувањето на овој медал е заслуга на сите, на федерацијата на останатите тренери кои работат во боксот, ова е награда за сите.

– Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на Европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3:2, но следува Светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме – вели Харуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот