Австралија опен: Медведев во финалето против Ѓоковиќ!

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Се одигра денеска и вториот полуфинален меч во машка конкуренција на грен слем турнирот во Мелбурн, четвртиот носител Данил Медведев беше подобар од шестиот носител Стефанос Циципас со резултат 3:0.

Рускиот натпреварувач успеа за два часа и 11 минути игра со 6:4, 6:2 и 7:5 да го елиминира Гркот.

Така, в недела Медведев за трофејот на „Австралија опен“ ќе ги одмери силите против актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ кој претходно славеше против Аслан Карацев.

Медведев никогаш досега во кариерата не освоил грен слем трофеј, а Ноле го брка својот вкупно 18-ти, деветти во Мелбурн.

За утре е закажано женското финале (09.30 часот по македонско време) помеѓу Џенифер Бреди (САД, ВТА 24) и Наоми Осака (Јапонија, ВТА 3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот