Австралија Опен: Новак Ѓоковиќ рутински до деветтото финале во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ подготвен во Њујорк да го освои „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Првиот носител и бранител на трофејот на Австралија Опен, во полуфиналето го имаше најлесниот меч во Мелбурн, победувајќи го Аслан Карацев во три сите со 6:3,6:4,6:2.
Ова ќе биде деветто финале за Ѓоковиќ на Австралија Опен во кое ќе се обиде да дојде до деветтата титула во Мелбурн, а 18. грен слем титула во кариерата.

Карацев добро го започна дуелот со фаворитот и покажа зашто се најде во полуфиналето и е најпријатното изненадување на Австралија Опен. Русинот кој преку квалификациите дојде до главниот жреп, потоа и до полуфинале, не се плашеше да влезе во долга размена на поени, но тоа траеше се до моментот кога Ѓоковиќ успеа да најде начин да му го „прочита“ сервисот и направи брејк. Брејкот се случи во осмиот гем и него Ѓоковиќ го направи со нула на противникот, по што со сигурен сервис дојде до водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет, Ѓоковиќ брзо направи два брејка и поведе со 4:1, но рускиот тенисер не се предаваше, успеа да врати еден брејк но немаше сили за ново изненадување.
Во третиот сет, Србинот веднаш го одзеде сервисот на Карацев и поведе со 2:0 но Русинот експресно возврати и на момент ја врати неизвесноста. Но, Ѓоковиќ уште еднаш покажа зашто е еден од најдобрите тенисери во историјата и со два брејка и серија од четири гема по ред, дојде до конечен тирумф и пласман во финалето.
Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас кои ќе играат утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот