АТП награди: Ѓоковиќ е тенисер на годината, награда освои и Федерер

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, едни од најдобрите во историјата на тенисот/Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

АТП го прогласи Новак Ѓоковиќ за тенисер на годината.

Српскиот тенисер во скратената сезона поради пандемијата на коронавирусот остана на првото место на АТП ранг листата, а успеа да освои и еден грен слем трофеј, Австралија Опен, додека играше во финалето на Ролан Гарос.

„Новак ја заврши годината на првото место по рекорден шести пат во последните десет години, откако оваа година освои четири титули. Ѓоковиќ победи на првите 26 дуели на почетокот од сезоната, притоа остварувајќи и историски осми триумф на Австралија Опен, а славеше и во Дубаи, Синсинати и Рим. Со 33 години и 16 дена Ѓоковиќ постави рекорд како најстар тенисер кој годината ја завршува како прв светски тенисер и исто така се израмни со својот идол од детството Пит Сампрас кој исто така шест години беше прв на АТП ранг листата на крајот од годината“, пишува АТП.

За најдобар дубл се погласени Мате Павиќ и Бруно Соареш, додека повратник на годината е Васек Поспишил. Канадскиот тенисер 2019 година ја помина во рехабилатација по операцијата на грбор и испадна од топ 100 тенисери, но одигра одлично и годинава ја завршија како 61. тенисер на АТП ранг листата.

Тенисер со најголем напредок е Андреј Рубљов кој имаше одлична 2020 година и од 23. место дојде до осмата позиција на ранг листата притоа освојувајќи пет титули.

Дебитант на годината е 17-годишниот Шпанец Карлос Алкараз кој годинава ја започна на 491. место, а ја заврши како 141. тенисер.

Рафаел Надал ја доби наградата Штефан Едберг за најкоректен тенисер на АТП.
„Колегите го избраа Надал за добитник на Штефан Едберг наградата трета година по ред. Го препознаа неговиот професионализам, интегритет на терените и надвор од него како и фер играта“, пишува АТП.
Рожер Федерер иако одигра само еден турнир оваа година, тој е избран за најомилен тенисер на светот и тоа по 18 пат едноподруго. Најдобар тренер е Фернандо Висенте кој е тренер на Рубљов, а хуманитарец на годината е Франсис Тиафо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот