Арми Хамер на мета поради новите страшни обвинувања: „Брутално ме силуваше четири часа, удирајќи ми ја главата во ѕид“

epa-efe
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Во четвртокот, жена која се претставила само како Ефи на прес-конференција рекла дека четири години била во врска со актерот, кој во тоа време бил во брак со телевизиската водителка Елизабет Чемберс.

Американскиот актер Арми Хамер е под истрага на полицијата во Лос Анџелес од 3 февруари за наводно силување.

Ефи, која одбила да го открие нејзиниот вистински идентитет, прво поднела обвинение против Хамер на почетокот на јануари, тврдејќи дека актерот сексуално и физички ја злоставувал четири часа во 2017 година. Своите обвинувања ги изнесе во четвртокот на прес-конференција на која се појави заедно со нејзината адвокатка, Глорија Олред. Ефи вели дека тој психички, емоционално и сексуално ја малтретирал во текот на нивната бурна врска која траела четири години со прекини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @armiehammer


– На 24 април 2017 година, Арми Хамер насилно ме силуваше четири часа во Лос Анџелес, притоа удирајќи ми ја главата неколкупати во ѕидот, при што добив повреди на лицето. Исто така, во уште неколку наврати беше насилен кон мене, без моја согласност. Ме удираше по стапалата, така што ме болеше да одам цела недела. Во текот на четиричасовното силување, се обидов да избегам, но тој не ме дозволи. Мислев дека ќе ме убие, а потоа си замина не загрижувајќи се за моето здравје. По нападот, живеев во страв од него и се обидов да ги разберам неговите постапки како чудна форма на љубов – рекла Ефи.

Адвокатот на Хамер, Ендру Бретлер, во изјавата ги негираше обвинувањата за силување, тврдејќи дека нивната врска била целосно спогодбена и вклучувала претходни договори и меѓусебно учество.

Фото: Профимедиа, Арми Хамер со поранешната сопруга, која го обвини за канибализам

– Преписката на Ефи со Хамер ги побива нејзините неверојатни обвинувања. Во јули лани, Ефи му праќала пораки во кои му кажувала што би сакала тој да прави со неа. Хамер ѝ одговорил многу јасно дека повеќе не сака да има таква врска со неа – се вели во изјавата на адвокатот.

„Г-дин Хамер никогаш немаше намера да ја посрамоти или да ги разоткрие нејзините фетиши или други перверзни сексуални желби, но сега ситуацијата ескалираше на друго ниво, таа ангажираше адвокат и одржа прес-конференција. Хамер знае дека вистината е на негова страна. Од првиот ден, Хамер се трудеше сите негови интеракции со Ефи, и со секоја негова сексуална партнерка да бидат целосно спогодбени, со претходни договори и меѓусебно учество. Нејзиното барање внимание и несовесна правна постапка само ќе им отежне на вистинските жртви на сексуално насилство да се изборат за правдата“, се вели во соопштението објавено во списанието „Пипл“.

Адвокатката изјавила дека Ефи предала докази на полициските власти.

Хамер, во меѓувреме, го изгуби учеството два холивудски проекти по обвинувањата за силување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @armiehammer

Канибализам и садо-мазо

Хамер неодамна се најде среде скандал, откако на социјалните мрежи протекоа шокантни пораки што им ги испраќал на многу жени. Пораките што наводно ги испратил Хамер биле објавени на неговиот инстаграм-профил наречен „Куќата на Ефи“, а сега е јасно дека најверојатно се поврзани со жената која сега истапи во јавноста и ги содржат неговите вознемирувачки желби, пораки за силување и канибализам.

Манекенката Пејџ Лоренце и Кортни Вучковиќ, изјавија дека актерот неколкупати зборувал за канибализам во текот на нивната врска, која започнала како спогодбена БДСМ врска (садизам-мазохизам, ропство, потчинетост, врзување, казнување, болка). Кортни изјавила дека Хамер сакал да најде лекар кој би ѝ ги отстранил долните ребра, бидејќи сакал да ги испече и потоа да ги изеде, додека, пак, Пејџ рекла дека актерот ја жигосал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот