Анин: Сега Рафа и Федерер не би ни биле најголеми ривали на Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Жастин Анин е една од ретките која не е изненадена од одлуката на Рафаел Надал прерано да ја заврши сезоната 2021.

Прославената белгиска тенисерка Жастин вели беше за очекување Шпанецот да не настапува повеќе во 2021 година.

– Веќе после „Ролан Гарос“, беше јасно дека тој не е најспособен физички. Ова сега покренува многу прашања за неговата иднина. Овие момци стануваат сè постари. Можеме да видиме и што се случува со Рожер Федерер, станува сè потешко за него да се врати на терените – рече Анин.

На следниот Грен слем нема да биде Федерер, но поранешната тенисерка смета дека отсуството на Надал и Швајцарецот нема никаква врска со Новак Ѓоковиќ.

Таа смета дека двајца членови на големата тројка веќе некое време ја немаат формата на првиот светски рекет.

Шпанецот поради повреда веќе ја завршува сезоната 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

– Новак е свесен дека Рожер и Рафа не би биле негови најголеми ривали. Во овој случај, на Рафа ќе му биде тешко да стигне до врвна форма и да биде пречка за Новак, кој има голема самодоверба, и покрај поразот на Олимпијадата. Мислам дека ова не се менува многу за Ѓоковиќ, бидејќи знае дека ќе мора да победи други добри играчи и дека ќе мора да остане фокусиран на себе – вели Белгијката која во својата кариера има седум грен слем титули, двапати беше финалистка на „Вимблдон“.

Надал во моментов не може да се стреми кон трофејот, па затоа е добра одлука што одлучи да се одмори.

– Исто така, новата генерација станува сè подобра и Рафа мора да биде во најдобра форма доколку сака да се натпреварува. Кога доаѓа на Гренд Слем турнирите, доаѓа да ги освои, а во моментов тој не е способен да го стори тоа – вели Анин.

Бразилците сакаа да го измамат, Ѓоковиќ после девет години ја дочека правдата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот