Алкараз е првиот Шпанец со триумф на мастерсот во Мајами

Карлос Алкараз стана третиот најмлад тенисер кој триумфирал на мастерс турнир/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Карлос Алкараз уште еднаш потврди дека е иднината на тенисот и вистински наследник на Рафаел Надал, освојувајќи ја титулата на мастерс турнирот во Мајами.

Алкараз во финалето го победи Каспер Руд со 7:5,6:4 и стана првиот шпански тенисер кој триумфирал на мастерсот во Мајами. Притоа 18-годишниот Алкараз стана и третиот најмлад победник на турнир од серијата мастерс по Мајкл Ченг и Рафаел Надал кои исто така имаа по 18 години кога славеа на мастерсите во Торонто 1990 година, односно Монте Карло во 2005 година.

 

– Рано е да почнам да опишувам како се чувствувам. Го освоив првиот мастерс во кариерата. Му честитам на Каспер кој оваа година дефинитивно може да направи големи рабори годинава – изјави Алкараз по победата.

На претходниот мастерс турнир во Индијан Велс, Алкараз стигна до полуфиналето, а годинава одигра 20 меча и оствари дури 18 победи. Единствените порази ги забележа од Матео Беретини со 3:2 во сетови на Австралија Опен и од Рафаел Надал со 2:1 во Индијан Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот