Алек Болдвин Фото:EPA-EFE/JASON SZENES

По тешкиот период, Алек Болдвин сериозно размислува да стави крај на актерската кариера и да се посвети на семејството

Актерот Алек Болдвин неодамна изјави дека сериозно размислува да стави крај на својата актерска кариера. Тој откри дека сака да поминува повеќе време со семејството, по болните години што следеа по трагедијата на снимањето на филмот „’Рѓа“, во која загина снимателката Халина Хачинс, пренесува „Пипл“.

Болдвин (68) за ова зборуваше во поткастот „Awards Chatter“, каде истакна дека времето поминато дома со сопругата Хиларија и нивните деца значително го променило неговиот поглед на работата.

Алек Болдвин и Халина Хачинс / Фото: Профимедиа

„Поради ситуацијата во Ново Мексико, за мене сето тоа беше многу болно“, рече тој за време на разговорот.

Зборувајќи за периодот по трагедијата, Болдвин нагласи дека речиси целосно престанал да работи.

„На крајот, многу време поминував дома. Три и пол години бев со децата. Речиси воопшто не работев, ќе одам и ќе завршам неколку работи, но се навикнав да бидам дома и повеќе не сакам да излегувам. Не сакам повеќе да работам. Навистина не сакам. Сакам да се повлечам и да останам дома со децата“, изјави Болдвин.

Алек Болдвин
Алек Болдвин/ Фото EPA-EFE/ALEC TABAK /

Актерот од бракот со поранешната сопруга Ким Бејсингер ја има ќерката Ајрленд, додека со Хиларија има седум деца.

Да потсетиме, Болдвин беше предмет на истрага поради смртта на Халина Хачинс. Првично беше обвинет за убиство од небрежност во јануари 2023 година, но обвиненијата беа отфрлени три месеци подоцна. Повторно беше обвинет во 2024 година, но и тие обвиненија беа отфрлени за време на судењето во јули истата година, откако судот утврди дека обвинителството прикрило докази кои би можеле да објаснат како вистинската муниција завршила на филмскиот сет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот