Актерот зад решетки – Џони Ортиз обвинет за обид за убиство

Фото: Профимедиа

Актерот Џони Ортиз, т.е. Хуан Ортиз, кој глумеше во „Ел Камино“ (продолжението на „Лош пат“) и „Мек Фарланд“ со Кевин Костнер, е уапсен и во моментов е зад решетки по обвиненијата и сомневањето дека се обидел да изврши убиство, пишува ТМЗ.

Според правните документи, како што наведува ТМЗ, Ортиз и друг човек, Армандо Мигел Наваро, наводно се обиделе да убијат човек по име Брајан Дјук, а целиот случај е поврзан со извесна криминална банда.

Фото: Профимедиа

Наводно, Наваро пукал, додека улогата на Ортиз во обидот за убиството не е позната. Актерот изјавил дека не е виновен за ова дело, а ќе биде сослушан в понеделник. За него е одредена кауција од 1.120.000 долари, а семејството почна да собира пари преку страницата „GoFundMe“, со цел Ортиз да се брани од слобода.

– Сакаме да ни се врати нашиот сакан член на семејството – посочи семејството на Ортиз.

Фото: Профимедиа

Џони Ортиз ја почна филмската кариера во 2001 година, кога глумеше во филм за животот на боксерот Мухамед Али, во кој главната улога ја имаше Вил Смит.

Исто така, можевме да го видиме во трилерот „Пеперминт“, во кој главна sвезда беше актерката Џенифер Гарнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот