Африканската чума се шири во кумановско, неделава откриени три новозаразени свињи

Фото: Архива

Последнава недела регистрирани се три нови случаи на африканска свинска чума,во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според податоците на Агенцијата, нови случаи на болеста кај свињите има во село Арбанашко во општина Старо Нагоричане и во Куманово во село Љубодраг и населбата Карпош.

„Испитувањата во Умин Дол, Ново село и Љубодраг покажаа дека вирусот циркулира во кумановско. Забраната за колење на животните сè уште е на сила“, велат од АХВ.

Состојбата со болеста во кумановското село Долно Којнаре е под контрола. Таму спроведена е мерка за депопулација на свињите во одгледувалиштето каде што беше потврдена болеста. Убиените свињи нештетно се отстранети, а извршена е и дезинфекција. На подрачјето на државата од 27 јули до 5 октовмри, годинава уништени се 3.346 свињи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот