Абнормални цифри: Колку сестрите Кардашијан трошат на третмани и средства за лична нега

Instagram
Фото: Инстаграм

Познатите сестри Кардашијан секогаш изгледаат беспрекорно, имаат рутина за интензивна нега која се состои од шминка, третмани на кожата со скапи препарати и неделни вежби со личен тренер. Сето ова несомнено чини многу, особено ако се земе предвид дека сестрите Кардашијан секако не користат препарати со умерен или слаб квалитет.

Според таблоидот „The Sun“, сестрите Кардашијан трошат абнормални суми, а најмногу троши Ким, веруваме дека претпоставувате.

Instagram
Instagram

Ким Кардашијан (137 000 евра месечно)

Според „ The Sun“, Ким Кардашијан е сестрата која троши најмногу пари на убавина и здравствена заштита. Меѓу нејзините трошоци се 2.100 евра неделно за нејзината личен тренер Мелиса Алкантара, со која има сесии шест пати неделно.

Троши од 1.600 и 2.100 евра на ден на фризери и шминкери за фотосесии. Нејзината рутина за нега на кожата вклучува полугодишно чистење на кожата, кое чини приближно 41.600 евра и употреба на моќни производи, што може да чини до 4.100 евра во просек.

Instagram
Instagram

Клои Кардашијан (120.200 евра месечно)

Според сумата, Клои е втората сестра со најголема желба кога станува збор за убавината. Меѓу нејзините трошоци има вежби со приватен тренер кои чинат 2.000 евра неделно, за фризер 1.500 евра на ден, професионална шминка 2.100 евра дневно и рутина за нега на кожата која чини 830 евра месечно.

Instagram

Кајли Џенер (117 000 евра месечно)

Најмладата од сестрите која неделно ја менува својата фризура и боја на коса, троши во просек 1.500 евра на фризер, а да не зборуваме за употреба на перики, кои чинат просечно 4.100 евра. Нејзината друга страст е неделно патување во нејзиниот омилен салон за маникир и педикир, а еден третман таму чини 75 евра. Покрај тоа што ги одржува трепките двапати месечно, а третманот чини 145 евра.

Instagram
Instagram

Кортни Кардашијан (57.000 евра месечно)

Кога станува збор за убавината, Кортни троши многу помалку од Ким, Кајли и Клои. Нејзината рутина за нега на кожата е постапка во 9 чекори, а тоа чини нешто повеќе од 420 евра. Дополнително таа се третира со ЛЕД-маски, кои чинат 160 евра. Нејзините вежби со персонален тренер чинат 2.100 евра неделно.

Профимедиа

Кендал Џенер (21 000 евра месечно)

Во споредба со трошоците на нејзините сестри, Кендал троши најмалку на третмани за убавина, а сепак имајќи предвид дека е манекенка, природно е дека не троши пари на шминка или фризури. Сепак, бринетата има своја рутина за нега на кожата, нега на коса и приватни тренинзи. Кендал ја негува кожата со едноставна рутина – го мие лицето два или три пати на ден само сапун, но таа користи сапун вреден 50 €. За телото, таа има шест – неделен план кој чини 12.700 евра, а за фризер троши 830 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот