„50 Сент“ се појави во ресторан и им подели бакшиш од 30 илјади долари на вработените, тие врескаа од среќа (ВИДЕО)

Славниот рапер „50 Сент“ ги изненади вработените во Бургер Кинг во Њујорк со 30 илјади долари бакшиш…

Раперот, актер и продуцент ненадејно се појавил во Бургер Кинг со Инстаграм инфлуенсерот Џеј Мазини „Џеј Мазини е вистинската работа, вчера ме виде во квартот, па отидовме вечерта и на сите им покажавме љубов“, напиша „50 Сент“ на Твитер, каде го сподели и видеото кое набрзо стана вирално.

Како што пишува „Queens Daily Eagle“, Мазини е познат по тоа што во Њујорк импровизирано дели пари и го контактирал раперот, кој пораснал во блискиот кварт, поради потенцијално партнерство.

Снимката ја погледнале повеќе од 4 милиони на Твитер, а на неа се гледа изненадувањето на вработените во ресторанот. „Чекајте, има уште“ вели Мазини, а потоа се појави „50 Сент“ со купче банкноти, а вработените од ресторанот започнаа да врескаат.

Еден полициски автомобил исто така запрел пред ресторанот за брза храна, а раперот на шега им рекол на полицајците, мафтајќи со банкнотите, дека има и за нив.

„50 Цент“ и јас им дадовме 30 илјади долари на тие вредни работници, во текот на оваа пандемија. Тој ми кажа дека му се допаѓа тоа што го правам, а јас му кажав дека тоа е добра карма на крајот од денот“, напиша Мазини подоцна на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот