5 предлози за ручек по правилата на медитеранската исхрана: Здрави и вкусни, а немаат повеќе од 600 калории!
Медитеранската исхрана не изискува долготрајно готвење и подготвување, сè е брзо и богато со вкусови.
Препорачано
Медитеранската исхрана повеќе од десет години се наоѓа на самиот врв на листата на најздрави начини на исхрана, според рангирањето што секоја година го објавува американскиот портал „U.S. News & World Report“.
Па затоа, ви предлагаме оваа недела да ги испробате најздравите рецепти за ручек по правилата на медитеранската исхрана
1. Грилувана риба со салата од домати и маслинки
Филе од бранцин или ципура, печени на скара или во рерна.
Состојки за салатата: домат, црвен кромид, маслинки, маслиново масло, оригано.
Парче интегрален леб.
Приготвување: Печена риба на скара можете да купите во рибарница или едноставно да ја испечете во рерна. Наместо бранцин, може да јадете и скуша, која е поздрава варијанта, а се приготвува така што се чисти, посолува и се пече на хартија за печење со неколку капки маслиново масло.
Пригответе салата од сечкани домати, маслинки, црвен кромид и оригано. Уживајте.
2. Пилешка салата со авокадо и фета-сирење
Грилувани пилешки гради исечкани на ленти.
Зелена салата, авокадо, краставица, фета сирење, маслиново масло и лимонов сок.
Приготвување: Пилешкото повторно можете да го купите печено од месарница или да го испечете дома во фритеза на врел воздух или на тавче со малку масло. Со него пригответе зелена салата во која ќе исечкате краставица, авокадо и ќе зачините со маслиново масло и сок од лимон.
3. Ризото со маслиново масло и зеленчук
Интегрален или басмати ориз зготвен со тиквички, пиперки, морков и спанаќ.
Зачинето со лук, магдонос и маслиново масло.
Приготвување: Добро измијте го оризот и тргнете го на страна. Тиквичките, пиперките, кромидот, спанаќот и морковот исчистете ги и исечкајте ги ситно. Морковот можете да го изрендате. На масло продинстајте кромид и морков, па додајте тиквички, пиперка и спанаќ. Кога ќе омекне зеленчукот, додајте го оризот. Сипете бујон и динстајте на тивок оган.
4. Печен лосос со зеленчук
Лосос со печен во рерна со зачини (лимон, маслиново масло, рузмарин).
Зеленчук на пареа: брокули, морков, прокељ.
Малку варени компири или сладок компир (батат).
Приготвување: Лососот може брзо да се зготви во рерна, но пред тоа убаво посолете го и додајте зачини.
Покрај лососот, кој е главна ѕвезда на оброкот, сварете малку компир, морков и брокули, сето тоа посолете го и зачинете со малку маслиново масло.
5. Салата од леблебија и туна
Леблебија (варена или од конзерва), туна во маслиново масло, црвен кромид, чери домати, магдонос.
Маслиново масло, лимон, сол и бибер.
Приготвување: Леблебијата сварете ја и процедете ја. Во неа додајте туна, црвен кромид, чери домати и магдонос. Сето тоа зачинете го по желба. Ова е совршена оброк салата за носење на работа – заситува, а здрава е.


