11 работи кои жените сакаат мажите да ги знаат и да престанат да се однесуваат како идиоти!

инстаграм

Од некои само на нив познати причини, кога станува збор за љубовните односи, мажите често ги доживуваат жените како некои мистични, целосно несфатливи суштества.

Но, работите во принцип се многу едноставни. Освен тоа кон нив да не се однесувате како идиоти (што е основно правило), ова се работите кои жените сакаат мажите да ги знаат за нив.

1. Не постои „френд зона“, едноставно не и се допаѓаш

Зошто на мажите им е толку тешко да сфатат дека постојат машко-женски пријателства и дека тоа е најнормална работа? Не „френд зоната“ не е нешто од што може да се влезе или излезе, едноставно само сака да бидете пријатели и да бидете среќни поради тоа.

2. Ако мораш на жена да и објасниш што е добар тип, веројатно не си добар тип

Таа и сама гледа каков тип си ти, немора да и појаснуваш.

3. Не, не ги возбудуваат фотографии со половиот орган кои не ги побарале.

Престанете на жените да им испраќате рандум фотографии од вашиот полов орган, тоа воопшто не е во ред.

4. Кога девојката прв пат се наоѓа на дејт со типот кој не го познава, сигурно се грижи и за својата сигурност.

Со други зборови, немојте да инсистирате да ја возите до дома ако тоа прво го одбила тоа и немојте да барате од неа ништо поради што би можела да се загрижи за својата сигурност.

5. Шегите за силување и лошите финти за жените вопшто не се смешни

Само испаѓате идиоти.

6. Феминизмот не е насочен кон мразење на мажите

Феминизмот се залага за еднаквост на половите. На сите полови.

7. Жените не се облекуваат поради мажите, се облекуваат поради себе

Жените не избираат облека која им се допаѓа на мажите, туку избираат и купуваат облека која им се допаѓа на нив.

8. Мускулите не се сè и не им се допаѓаат на сите жени мускулести мажи

Тоа што сте мускулести и развиени не значи дека автоматски им се допаѓате. НАЈБИТЕН Е ВАШИОТ КАРАКТЕР и ОДНЕСУВАЊЕ!

9. Доколку заобиколува со одговорот и дава до знаење дека не е заинтересирана, тaа веројатно го прави тоа со причина.

За сè има причина.

10. Престанете жените да ги нарекувате спонзоруши или да претпоставувате дека сакаат да се омажат, да имаат деца, да бидат домаќинки…

Жените не се некои митски суштества па да можат да се генерализираат или групираат во само една група.

11. Жените се слични на мажите

Сите сме човечки суштества, имаме чувства, различни интереси и слични работи ни се случуваат во животот. Престанете да се однесувате како да сме поинакви или послаби од вас само поради тоа што сме жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот