1 чаша шеќер за совршено зелена градина: Погледнете зошто сите го применуваат овој трик во месец април!

Фото: Профимедиа

Со помош на овој мал трик вашето дворче и тревникот ќе изгледаат подобро од било кога…

Доколку сте пробале се, но вашиот тревник се уште не е доволно убав, густ и зелен, пробајте го овој трик. Секоја пролет, посипете шеќер во тревникот.

На социјалните мрежи се шират разни совети како да дојдете со совршен тревник во вашата градина, а еден трик со помош на шеќер особено се истакна, а за него веќе многумина потврдија дека е многу успешен. Тоа го потврдија и експертите кои всушност објаснија зошто е добро секоја пролет да посипувате по 1 чаша шеќер на вашиот тревник.

Фото: Профимедиа

„Белиот шеќер поволно делува на изгледот на тревата, бидејќи бактериите и инсектите се хранат со него, па така вашата трева ќе остане неоштетена. Шеќерот исто така ја зајакнува тревата и спречува раст на коровот, но не ги уништува микроорганизмите кои го збогатуваат земјиштето“, потврдија експертите.

Предноста на шеќерот во однос на хемиските препарати е во тоа што тој е значително поевтин.

Фото: Профимедиа
Постапката е следна:

Земете една чаша полна шеќер и посипете ја преку тревата. Откако ќе го нанесете шеќерот полејте го тревникот. Оваа постапка можете да ја повторувате секоја пролет, но можете и на есен. Потоа едноставно ви останува само да уживате во зеленилото кое се наоѓа во вашето дворче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот