Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Зверев во второто коло на Ролан Гарос, Костјук ја елиминираше Селехметева

Германскиот тенисер Александер Зверев денеска се пласираше во второто коло на грен слем турнирот Ролан Гарос откако со 3:0 во сетови го совлада Французинот Бенжамен Бонзи со 6:3, 6:4 и 6:2.

Видовме сериозна борба само во вториот сет. Тогаш Бонзи успеа да направи брејк на сервисот на Зверев, односно да се врати во сетот кога го израмни резултатот на 4:4.

Сепак, Германецот не дозволи изненадување, па ги освои следните два гема за зголемување на предноста во сетови и си го отвори патот до победата.

Неговиот следен ривал ќе биде Томас Махач од Чешка, кој го победи Зизу Бергс од Белгија со 6:4, 6:4, 6:3.

Во женска конкуренција, Украинката Марта Костјук со 2:0 во сетови 6:2 и 6:3 триумфираше над Оксана Селехметева која е родена во Русија, но изминатиот период одлучи да настапува за Шпанија.

Костјук во следната фаза ќе игра против Американката Кејти Волинец која со 6:3 и 6:1 ја совлада Клара Бурел од Франција.

Ролан Гарос
1 коло, резултати:

Мажи:

Дакворт – Диало (пред.) 6:3, 4:1
Кецмановиќ – Марошан 7:6 (0), 6:3, 6:4
Ламас Руиз – Тиранте 3:6, 6:7 (6), 7:5, 0:6
Давидович Фокина – Џумхур 6:7 (3), 6:3, 2:6, 7:5, 6:3
Хачанов – Геа 6:3, 7:6 (3), 6:0
Жаке – Трунгелити 4:6, 2:6, 2:6
Дроге – Менсик 3:6, 2:6, 4:6

Жени:

Томљановиќ – МекНели 6:3, 6:7 (5), 3:6
Бронѕети – Бузкова 3:6, 1:6
Тагер – Ванг Ксинју 3:6, 6:3, 4:6
Краус – Бенчиќ 2:6, 3:6
Блинкова – Стародубцева 3:6, 1:6
Ковиниќ – Ванг Ксију 3:6, 1:6
Валентова – Линет 7:5, 4:6, 6:7 (9)
Баптист – Крејчикова 6:7 (7), 7:6 (6), 6:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот