ВИДЕО: Зошто очекувате граѓаните да гласаат за вас? Па, не знам ни јас и јас се прашувам

Васе Витанов, ИНТЕГРА / Фото: Слободен печат

-Струмица е прекрасна, само не со владеењето на Заеви. Сметам дека има многу недостатоци во Струмица. Се е лоцирано на едно место. Кланот Заеви управува комплетно со град Струмица и се што направија е што градот го стопија во нивна полза, изјави за Утрински брифинг Васе Витанов, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на Интегра.

Прашан дали во градот има доволно училишта, градинки, Витанов вели: „Има сѐ. И тоа е пренатрупано со вработени. Средни училишта основни училишта, градинки… не можеш да се разминеш од вработени.“ Па зарем не е тоа добро за децата, прашавме? Витанов вели: „Па не може да биде добро.“ Ама дали има доволно за децата, прашавме? -Има, има. Таман работа. Има доволно и повеќе од тоа, ни појасни Витанов.

Бидејќи генерално рече дека е задоволен од животот на градот, нѐ интересираше што може тој да направи за Струмица?

-Што можам јас? Уште не сум дојден таму како градоначалник, вели тој и додава дека се малку четири години за еден мандат туку предлага два мандата да се спојат во еден. „Со еден мандат не се завршува работа, не, не, не…“ вели Витанов од Интегра.

Љубопитни, какви што сме, го прашавме кандидатот на Интегра за градоначалник на Струмица  зошто очекува граѓаните да го гласаат за градоначалник?

-Па, не знам ни јас, и јас се прашувам…, вели искрено Витанов.

Изненадени, да не сме згрешиле нешто, го прашавме нели тој се понуди да стане градоначалник?

-Да, понуден сум, прецизира тој.

Ако нешто не ви е јасно за плановите и идеите, погледнете го видеото.

Ако сѐ уште не ви е јасно, погледнете го целото видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот