Зоран Терзиќ по 20 години повеќе не е селектор на Србија

Зоран Терзиќ по 20 години се повлекува од селекторската функција/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Зоран Терзиќ, повеќе не е селектор на женската одбојкарска репрезентација на Србија.  На најтрофејниот српски одбојкарски тренер му истече договорот со Одбојкатската федерација на Србија, по што и двете страни се договорија да не се продолжува соработката.

– Разговорот со него го имавме два дена по завршување на Европското првенство и тоа по негово барање. Ние сме тука за да му излеземе во пресрет. Јасно беше дека по 20 години работа во една екипа, тренерот бара нова мотивација и предизвици. Ние можеме да му кажеме едно големо благодарам и да му поклониме за се што направи. Му посакуваме се најдобро во новите предизвици – изјави Зоран Гајиќ, претседател на Одбојкарската федерација на Србија.

Терзиќ на селекторската позиција во женската репрезентација на Србија седна во мај 2002 година и освои 20 медали на најголемите натпреварувања.

Терзиќ со Србија на Олимписките игри освои сребрен медал во Рио де Жанеиро (2016) и бронзен во Токио (2021). На Светските првенства има златен медал од 2018 година и бронзен од 2006 година.Во 2015 година го освои сребрениот медал на Светскиот куп, а има три бронзи од Гран При турнирите, а најголемите успеси ги оствари на Европските првенства. Терзиќ со српските одбојкарки има три злата од ЕП (2011,2017,2019), две сребра (2007 и 2021) и една броза (2015). Зоран Терзиќ два пати беше прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на Европската одбојкарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот