Ѕирнете во 26 милиони фунти вредната палата на Роби Вилијамс која има 22 бањи, 10 спални и базен – Еве како неговото семејство ужива во изолација (ФОТО)
Роби Вилијамс им даде можност на фановите да погледнат во внатрешноста на неговата палата во Беверли Хилс која вреди 26 милиони фунти, додека тој во неа се шета по долна облека.
Палатата на 46-годишниот пејач има 22 бањи и 10 спални соби.
Роби Вилијамс е во изолација во оваа вила со својата жена Ајда Филд (40) и нивните четири деца, Теодора, Чарлтон, Колет и новороденчето Беу.
Шест-членото семејство не се бори за простор во оваа гигантска палата, а тоа можете да го забележите и на сликите.
Тие имаат сопствена теретана, огромни градини во кои игра голф, тениско игралиште и базен.
Додека се тие во оваа луксузна изолација, решија да им дозволат на фановите да ѕирнат во овој нивен раскошен дом и нивното раскошно уживање…