Животот на Арон Картер: Имал 6 дијагнози, сакал да ја убие бремената снаа, сестра му го силувала

Арон и Ник Картер/Фото: Инстаграм

Светскиот шоу-бизнис синоќа го шокираше веста дека музичарот Арон Картер почина на 34-годишна возраст – пејачот бил пронајден мртов во кадата во својата куќа во Ланкастер во саботата попладне.

Од друга страна, никој не може да каже дека ваквиот крај не бил очекуван по повеќегодишната борба на пејачот со низа проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bisexualmodel


И, додека на оние кои се родени во 90-тите ова име им е добропознато, ги има и оние кои можеби се прашуваат кој е воопшто Арон Картер?

Малкумина се оние што не се сеќаваат на „Бекстрит бојс“, еден од најпопуларниот бенд на сите времиња, а секако дека еден од најслатките членови бил Ник Картер. Тогаш, кон крајот на 90-тите во текот на популарноста на Ник, патот до музичката кариера го нашол и неговиот помал брат Арон.

Помладиот Картер ја започнал кариeрата кога имал само девет години, а првиот од издадените четири албуми му бил и најуспешен, а во текот на животот продал над 70 милиони албуми!

Ник и Арон Картер имале многу тешко детство поради честите кавги на родителите, а дополнително ги оптоварила и славата. И двајцата браќа признале дека ги доуништило и малтретирањето на врсниците во училиште, а Ник во една прилика истакнал дека го спасило само тоа што бил дел од бендот и дека тие му биле единствената поддршка во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Naviglio (@navigliomaria)


За жал, Арон не ја нашол својата сламка на спас, како и нивната сестра Лесли која починала на само 25 години од предозирање со антидепресиви.

Тој своевремено дури тврдеше и дека покојната Лесли го силувала додека бил дете, наводно злоставуваањето почнало од кога тој имал 10 години и траело сè до неговата 13-та година.

Уште еден голем удар за Арон била смртта на неговиот татко во 2017 година, кој го нарекувал својот суперхерој. Исто така, тој бил во лоши односи со братот Ник и својата сестра близначка Ејнџел, па во 2019 година добил забрана за пристап до своето семејство.

„Во светлото на неговото алартмантно однесување и неодамнешно признавање да размисли за убиството на мојата бремена сопруга и моето неродено дете, немаме друг избор отколку да се обидеме на сите можни начини да се заштитиме“, го образложил Ник својот потег тогаш.

Ник воедно ѝ објаснил на јавноста дека Арон ѝ признал на нивната сестра Ејнџел дека боледува од шизофренија и биполарно нарушување, како и дека слушнал гласови во својата глава за „убивање бебе“. Кога Ејнџел го прашала дали размислува да убие некој, едноставно одговорил дека „размислува да ја убие Лорен Кит“, а тоа е сопругата на Ник.

Покрај менталните проблеми пејачот имал проблеми и со зависноста од наркотици и антидепресиви, а страдал и од нарушување со исхраната. Своевремено во емисија на американска телевизија отворено ги набројал своите дијагнози, покрај нарушувањето во исхраната и зависноста.

„Службено страдам од нарушување на личноста, шизофренија, акутни тешкотии, манично сум депресивен. Со ова се борам секој ден“, рекол Арон додека покажувал шишиња со шест различни лекови што ги консумира секој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🪐 (@sequinedglcve)


Арон често и многу отворено зборувал за своите проблеми во разни емисии и интервјуа, како и на социјалните мрежи, а за своите страдање главно го обвинувал тоа што немал поддршка од семејството.

„Консумирав дрога за да ја блокирам болката и анксиозноста. Ја изгубив кариерата, родителите ми се разведоа, го изгубив татко ми, сестра ми, брат ми Ник, Ејнџел. Како да продолжам понатаму? Не знам“, изјавил пејачот во 2017 година.

Во последниве години, Арон имал и многу турбулентен однос со девојката Мелани Мартин, која во неколку наврати го обвини за семејно насилство. Минатата година парот во ноември го доби синот Принс, но и двајцата го загубија старателството над детето поради низа обвинувања за семејно насилство – За Принс се грижи мајката на Меланија.

По смртта на Картер, Мелани на Твитер објави кратко видео на кое плаче.


Картер повторно влезе на рехабилитација пред неколку месеци – по петти пат во животот – за да се ослободи од зависноста од марихуана и да научи да го контролира својот гнев и да се справува со предизвикувачите. Признал и дека го уништил мозокот со користење на разни недозволени супстанции и дека имал над 100 напади.

Тој додал и дека јавноста намерно го „демонизира“, иако е „чист“ пет години и дека му пречи што го претставуваат како проблематична, поранешна ѕвезда.

„Кога Деми Ловато случајно се предозира со опијати, таа е на насловната страница на женски магазин следниот ден. Но, медиумите не сакаат да се однесуваат така со мене. Тие сакаат да бидат негативец. Наскоро ќе бидам чист пет години и никој не обрнува внимание на тоа, а јас треба затоа што сум жив доказ за тврдењето ‘ти го можеш тоа’“, рече тој пред неколку месеци.

Тој беше во врска со Хилари Даф и Линдзи Лохан, а беше свршен и со зајачицата на „Плејбој“, Кари Ен Пениче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Celeb Post (@thecelebpost_tcp)

СЕ СКАРАА БРАЌАТА: Ник Картер бара забрана за приближување за Арон

СЕ СКАРАА БРАЌАТА: Ник Картер бара забрана за приближување за Арон

Познатиот пејач го претепала девојката, полицијата реагирала веднаш – „Ме давеше, се гушев!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот