Познатиот пејач го претепала девојката, полицијата реагирала веднаш – „Ме давеше, се гушев!“

инстаграм

Пејачот Арон Картер, младиот брат на Ник Картер, пејачот од бендот „Бекстрит Бојс“, ја обвини девојката Мелани Мартин за насилство.

Тој тврди дека девојката лажела дека е бремена, по што почнала да го дави.

Пејачот тврди дека Мелани го претепала во неговиот дом во Лос Анџелес, поради што повикал полиција.

Мелани е уапсена, а Арон наводно изјавил дека до насилство дошло по кавгата во која таа му кажала дека е бремена. Проблемот наводно настанал кога пејачот ја обвинил дека лаже.

– Ме давеше, буквално се гушев. Никој не смее да трпи насилство, ниту жена ниту маж, изјави Арон, пренесуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот