Зголемен наградниот фонд на Вимблдон, по три милиони долари за победниците

EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Зголамувањето е 11 отсто во однос на лани. Оние кои ќе загубат во првиот круг ќе заработат 55.000 фунти (69.500 долари)

Вкупниот награден фонд на годинашниот грен-слем Вимблдон ќе се зголеми за повеќе од 11 отсто, при што победниците во сингл во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2,35 милиони фунти (3 милиони долари), соопштија организаторите.

Вкупниот награден фонд на турнирот ќе биде 44,7 милиони фунти (56,5 милиони долари). Заработката за победниците во сингл се врати на нивото на кое беа во 2019 година, последната година пред пандемијата ковид-19.

Наградата за шампионите во сингл беше намалена на 1,7 милиони фунти во 2021 година, откако турнирот во 2020 година беше откажан поради пандемијата, а минатата година победниците ставија в џеб по два милиони фунти.

Организаторите најавија дека приоритет е ставен на поддршката на играчите во воведните кола. Оние кои ќе загубат во првиот круг ќе заработат 55.000 фунти (69.500 долари), што е за 10 отсто повеќе од минатата година.

Лани победници на Вимблдон беа Србинот Новак Ѓоковиќ и Казахстанката Елена Рибакина. Сезонава Вимблдон е од 3 до 16 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот