Здружението на културни промотери се грижи за безбедноста на публиката и сака да придонесе за развојот на културата (ВИДЕО)

Потребата од здружувањето на сите промотери на културни настани и концерти беше да се засили позитивното влијание во јавноста за предлог мерките за заштита што ги поднесовме до Комисијата за заразни болести, рече Теодора Васиљевиќ, претседателка на новоформираното здружение на културни промотери.

Таа за „УБ“ на „Слободна ТВ“ кажа дека предлозите за тоа како безбедно да се одржуваат културните настани, здружението ги формирало според преораките на Светската здравствена организација, како и искуствата на други европски држави и протоколи кои биле создадени од слични иницијативи како што се „Музика сега“ и ИВАП.

„Наша прва обврска како организатори е публиката да биде безбедна, законски сме обврзани да имаме медицински лица на нашите настани. Еден од нашите предлози е во првата фаза од 1 до 15 јули да се почне со настани со ограничен број од 300 посетители, а потоа до 30 јули бројката да се зголеми до 1000 посетители.

Нагласивме дека ќе имаме зголемен број на медицински лица, ќе се мери температура на посетителите, препорачавме онлајн купување на билетите, дури создадовме нова позиција на Ковид меначер кој ќе има свој тим“, вели Васиљевиќ.

Во новото здружение членуваат организациите што во изминативе неколку децении се истакнаа како најреномирани организатори на музички/културни настани (МКЦ Скопје, „Пасворд“, „Авалон“, СЏФ), но и помали организации и поединци во оваа индустрија.

„Ова Здружение не се формираше само заради пандемијата, имаме повисоки цели: да придонесеме за развојот на културата и да создадеме стратегии и можности за подобри услови на нашата работа“, вели Васиљевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот