Затворски казни за обвинетите за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Фото: Фокус

Пет години и десет месеци затвор за првообвинетиот Виктор Милановски и две години и два месеца затвор за второобвинетиот Саша Челиќиќ за грабнувањето на Самоил Костадиновски кој исчезна во март минатата година.

Според Обвинителство на 3-ти март првообвинетиот, заедно со лицето кое е во бегство и со други непознати го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат доколку не плати за претходно украдената дрога до четири килограми.

Костадиновски повеќе од година дена се води за исчезнат.

Инаку Самоил Костадиновски е внук на Љубе Бошкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот