Запленета јахта на руски олигарх во Шпанија, вредна 140 милиони долари

Јахта илустрација/ Фото: CorinMesser / BNPS / Profimedia

Шпанските власти привремено ја запленија јахтата на рускиот олигарх Сергеј Чемезов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Чемезов е поранешен офицер на КГБ кој раководи со државниот конгломерат Ростек.

Суперјахтата Валери, долга 85 метри и вредна 140 милиони долари e запленета во Барселона. Бродот пловеше под знамето на Свети Винсент и Гренадини. Бродот е регистриран на поќерката на Чемезов, Анастасија Игнатова, преку компанија од Британските Девствени Острови.

Сергеј Чемезов/Фото EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Чемезов беше санкциониран од САД во 2014 година и од Велика Британија во 2020 година поради руската анексија на Крим. Американските санкции беа насочени и кон поќерката на Чемезов, како и неговата сопруга и син.

Западните земји воведоа санкции за руските милијардери, ги замрзна државните средства и отсече голем дел од рускиот корпоративен сектор од глобалната економија по руската инвазија врз Украина на 24 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот