Задолжителен селф тест за децата од четири до 11 години во Грција за патување со авион во земјата

Грција аеродромм /Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

За патување со авион во внатрешноста на Грција, децата од четири до 11 години потребно е да имаат негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно селф тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на новите мерки што стапија вчера во сила, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објаснуваат дека од денеска селф тестот е задолжителен за децата од четири, а не од петгодишна возраст како што беше првично соопштено.

Согласно новите здравствени протоколи за патување со авион кон сите дестинации во Грција, сите патници со наполнети 12 години потребно е да имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена, да имаат потврда за прележан Ковид-19 во изминатите шест месеци или негативен рапид тест направен 48 часа пред патувањето.

За странските туристи, како што соопштија од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, важат истите правила и истите документи што се потребни и за влез во земјата, доколку сè уште се валидни во моментот на патување со авион кон некоја грчка дестинација.

Паралелно, маската е задолжителна и на аеродромите и за време на летовите, а во случај патникот да не носи маска, нема да му биде дозволен влез во авион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот