Врховниот суд одби да го суспендира законот со кој се забранува абортусот во Тексас

Тексас протсети за законот кој забранува абортус/ Фото EPA/ASHLEY LANDIS

Врховниот суд на САД одби да го суспендира законот на американската држава Тексас, со кој се забранува абортус по шест недели од бременоста.

Судскиот совет беше поделен, при што петмина од деветте судии одбија да го суспендираат законот. Судот не одлучи за уставноста на законот, што стапи во сила 24 часа претходно, туку се повика на „прашања за сложени и нови процедури”.

Забраната за абортус по шестата недела од бременоста стапи во сила во Тексас утрото на 1 септември, дури и во случаи на силување или инцест. Ваква забрана за абортус не е донесена во ниту една држава од 1973 година.

Во Тексас усвоен закон кој речиси целосно го забранува абортусот  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот