Возачите на Формула 1 направија штета на болидите од 39 милиони евра

На трката во Монца дојде до судир меѓу фаворитите за титулата Луис Хамилтон и Макс Ферстапен/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Формула 1 болидите се најновото чудо на технологијата и секој дел е екстремно скап, па тимските шефови со право се фаќаат за глава кога некој од нивните возачи ќе направи некаква штета на своите болиди.

Во сезоната зад нас, секој од 20-те возачи на некој начин го оштети болидот, а тимовите мораа да направат нови делови кои се исклучително скапи.

За поправки на болидите се потрошени точно 38.871.000 евра. За споредба, цената на еден цел болид е 10,5 милиони евра.

Естебан Окон најмалку го чинеше својот тим. Поправките на неговиот Алпин чинат „само“ 280.000 евра.

Покрај него, помалку од милион евра штета направија уште пет возачи, а најмногу пари од џебот на својот тим извади Мик Шумахер. Поправките на неговиот Хаас чинат дури 4.212.500 евра.

На второ место е Шарл Леклер од Ферари (4.046.000 евра), а изненадувачки на третото место е шампионот Макс Ферстапен, чии поправки на болидите го чинат Ред Бул 3.889.000 евра.

Оштетување на болидите на возачите во Формула 1 во 2021 година:

Естебан Окон 280.000 евра

Фернандо Алонсо 315.000 евра

Себастијан Фетел 660.000 евра

Даниел Рикиардо 713.000 евра

Антонио Џовинаци 854.000 евра

Серхио Перез 939.000 евра

Пјер Гасли 1.113.000 евра

Луис Хамилтон 1.255.000 евра

Ландо Норис 1.453.000 евра

Карлос Саинц 1.756.000 евра

Џорџ Расел 1.845.000 евра

Кими Раиконен 1.950.000 евра

Никита Мазепин 2.468.000 евра

Јуки Цунода 2.606.500 евра

Ленс Строл 2.686.000 евра

Валтери Ботас 2.713.500 евра

Никола Латифи 3.116.500 евра

Макс Ферстапен 3.889.000 евра

Шарл Леклер 4.046.000 евра

Мик Шумахер 4.212.500 евра

„Виновникот“ за хаосот во Формула 1, Николас Латифи добивал смртни закани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот