„Виновникот“ за хаосот во Формула 1, Николас Латифи добивал смртни закани

Судирот на Латифи на последната трка имаше директно влијание врз конечниот исход на трката/ фото: EPA-EFE/Antonin Vincent

Возачот на Вилијамс, Николас Латифи, кого фановите на Луис Хамилтонго сметаат како „главен виновник“ за хаосот кој се случи во последната трка во Формула 1, откри дека добивал смртни закани.

Латифи на пет круга пред крајот на трката за Големата награда на Абу Даби, која беше последна во сезоната, се заби во заштитната ограда поради што мораше да излезе безбедносното возило по што настана хаос.

Макс Ферстапен со нови пневматици во последниот круг од трката доби шанса да го нападне Луис Хамилтон и успеа да го претекне, а тоа значеше и освојување на шампионската титула.
Фановите на Хамилтон се огорчени на Латифи поради неговиот судир и му упатиле дури и смртни закани.

„Говорот на омраза, злоставувањето и заканите на социјалните мрежи не ме изнадија бидејќи тоа е суровата реалност во светот во кој живееме. Податокот дека сметав оти е најдобро да ги избришам сите профили на социјалните мрежи на неколку дена, најдобро отсликува колку е суров он-лајн светот. Тоа што ме шокираше беше екстремната омраза, дури и смртните закани кои ги добив од таканаречените навивачи“, стои меѓу другото во соопштението на Латифи.

Веднаш по објавата, Латифи доби поддршка од колегите возачи, а се огласи и Мерцедес кој порача дека во Формула 1 нема место за никакви закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот