Фото: МВР

Возач од Скопско летал со скоро 300 километри на час и се снимал, полицијата го најде по видеото што го објавил

Полицијата соопшти дека по објавувањето на видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач ита со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје-Гевгелија кај Неготино, по снимката е идентификуван и пронајден возачот, кој е од село во Скопско.

Според МВР, се работи за 36-годишниот А.Д. (36) од селото Елово во близина на Скопје, во општината Студеничани.

„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР, без да откријат повеќе детали за тоа каква точно казна добил неодговорниот возач.

За кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, кое беше воведено лани, предвидени се високи парични казни и одземање на автомобилот, но и затвор до три години.

Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зачува безбедноста на сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот