Волкановски е новиот светски шампион во УФЦ! (ВИДЕО)

фото:твитер

Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во перолесна категорија, откако на УФЦ 245 го совлада веројатно еден од најголемите во ова натпреварување, Макс Холовеј.

Борецот кој ги брани боите на Австралија, неговиот татко е роден во Беранци (во околината на градот Битола), одлично го контролираше мечот во Лас Вегас и од самиот почеток тргна со незгодни удари во нозете, што можеби и беше клучно за поразот на Американецот.

Холовеј, инаку познат како борец кој како што борбата оди постепено, само што почнува да се загрева, во овој меч беше непрепознатлив, но тоа секако е и дело на одличниот Волкановски, кој на секој обид на Холовеј возвраќаше уште посилно.

Судиите за овој настап го наградија со едногласна одлука (48:47, 48:47, 50:45). Сега во кариерата има осум победи од осум борби, а Холовеј го претрпе петтиот пораз.

– Ова беше мојата цел. Во перолесна категорија сме имале големи шампиони како Жозе Алдо, Макс Холовеј. Сега сум и јас тука и ветувам дека ќе бидам одличен првак. Мојата почит за Макс. Беше голем шампион – рече Волкановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот