Војвотката Кејт објави книга: „Сакав да дојдам до приказната на поединецот“

Фото: EPA-EFE/ANDREW MATTHEWS / POOL

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во неделата ја издаде својата книга со фотопортрети снимени за време на британскиот „lockdown“, за која изјави дека претставува траен запис за пандемијата.

Кејт минатата година започна проект со Националната галерија на портрети, повикувајќи ги луѓето да ги предадат своите фотографии снимени за време на првото затворање поради пандемијата на коронавирусот.

Комисијата, чиј член е и Кејт, меѓу 31.000 портрет избра вкупно 100. Пред да се најдат во книгата, фотографиите беа прикажани на дигиталните изложби и изложбите на заедницата.

Instagram
Instagram

„Преку „Hold Still“ сакав да ја искористам силата на фотографијата поради создавање на траен запис на она што го проживеавме, сакав да дојдам до приказната на поединецот и да ги документирам значајните моменти за семејството и заедницата за време на животот во пандемијата“, напиша Кејт во воведот на книгата.

Книгата под називот „Останете смирени: Портретот на нашата нација во 2020 година“ ќе биде достапна од 7 мај, точно една година по почетокот на проектот. Нето приходите ќе се распределат меѓу Националната галерија и британската хуманитарна организација за ментално здравје.

Видео на денот