Водата во Венеција кристално чиста: Забележана е дури и медуза (ВИДЕО)

принтскрин

Биологот Андреа Манџони снимил минатата недела необична глетка во Венеција. Во чистата вода во празните канали тој воочил медуза.

Откако во Италија стапи на сила целосна блокада поради епидемијата на коронавирусот, а туристите веќе со месеци не можат да го посетат овој прекрасен град, Венеција изгледа пусто, но и несекојдневно чисто.

Затоа денес и каналите на кои лежи овој град изгледаат беспрекорно и кристално чисто, а тука сега можат да се видат и различни видови на риба, но и медузи.

Погледнете го видеото во кое кристално чистата вода прави чудна рефлексија која создава илузија дека медузата лебди помеѓу палатите.

Венеција е еден од најпосетените градови во светот и приливот на туристи стана сериозен проблем за локалното население.

Да се потсетиме, северниот дел на Италија е најлошо погоден од епидемијата на коронавирусот, а во оваа земја се заразени повеќе од 183.000 луѓе, а починаа повеќе од 24.000.

Но, тоа не ги спречува Италијаните да имаат топол дух, тие се многу креативни, па и за време на тоталниот карантин изнајдоа начин како да уживаат во чашата добро вино заедно со своите комшии, погледнете ги како наздравуваа…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот