Фото: Фејсбук / Икс (скриншот)

Во Србија специјалци тепаат студенти по факултети, ама барем ќе има летечко такси

На денот на кој специјалци влегоа на Филозофскиот факултет во Нови Сад на повик на деканот и брутално тепаа и бркаа студенти, српскиот министер за финансии Синиша Мали од Давос објави дека потпишал договор со американската компанија „Арчер Авиејшн“, Нихил Гоел, за воведување услуги на летечки такси-возила во Србија.

Додека Мали го потпишувал договорот, присутен бил и српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со основачот и извршен директор на „Арчер“, Адам Голдштајн, јавија српските провладини медиуми.

„Воодушевен сум што имавме можност да потпишеме договор со „Арчер Авиејшн“. За нас е важно да соработуваме со една од најдобрите и најсилните компании во светот во однос на технологијата, да ја донесеме најсовремената американска технологија во Србија и да бидеме долгорочни партнери“, рече Вучиќ.

Додека српскиот претседател од Швајцарија најавуваше проекти од високата технологија, во Нови Сад, градот-извор на протестите на студентите против неговиот режим, на Филозофскиот факултет се случи брутална интервенција на полицијата. Десетици полициски специјалци, кои ги повика деканот, влегоа во аулата и почнаа да ги тепаат со палки и да ги влечат студентите кои имаа намера да ја блокираат работата на факултетот.

Студентите, професорите и граѓаните и натаму се пред зградата на факултетот, пред која е поставен полициски кордон.

ВИДЕО | Хаос на Филозофскиот факултет во Нови Сад: Десетици специјалци тепаа и бркаа студенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот