Нови Сад / Фото: Принтскрин, Твитер

ВИДЕО | Хаос на Филозофскиот факултет во Нови Сад: Десетици специјалци тепаа и бркаа студенти

Полицијата попладнево влезе во зградата на Филозофски факултет во Нови Сад, по барање на деканот Миливој Алановиќ, поради блокадата што ја најавија студентите во знак на протест против отпуштањето на професорката Јелена Клеут, пренесуваат српските медиуми.

Според видеата објавени на социјалните мрежи и информациите од Н1, интервентната полиција влегла во зградата и почнала да употребува сила удирајќи ја толпата со штитови и палки.

– Филозофскиот факултет е испразнет. Силни полициски сили ги исфрлија сите што беа внатре во 15-минутна акција. Студентите, професорите и граѓаните и понатаму се пред зградата на факултетот, пред која е поставен полициски кордон – пишуваат српските медиуми.

Деканот Алановиќ изјави дека разговарале со полицијата, факултетската администрација и студентите, нагласувајќи дека се бара решение за нормализирање на работата.

„Разговараме со студентите, разговараме со полицијата, и полицијата разговара со студентите“, изјави тој, додавајќи дека блокадата мора да заврши, во спротивно факултетското раководство ќе биде приморано да преземе мерки за продолжување на наставниот процес.

Студентите ја започнаа блокадата откако денеска беше официјално доставено решението за отпуштање на професорката Клеут, во кое, според увид на агенцијата Бета, се наведува дека нејзиниот работен однос престанал на 20 јануари поради истек на договорот. Тие побараа институцијата јавно да застане зад професорката и да направи сè што е можно за нејзино враќање на работа.

Откако до 14 часот не добија одговор што би ги задоволил нивните барања, студентите внесоа душеци во зградата на факултетот, најавувајќи подолг престој. Професорката Клеут беше заедно со нив и им се обрати со порака да продолжат „да го бранат Универзитетот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот