Во едната рака синот, во другата пушката, а Богдана лупи краставица: За оваа фотографија не престанува да се збори! (ФОТО)
Вељко Ражнатовиќ во неделата објави фотографија, која стана вирална на социјалните мрежи.
Препорачано
Во прашање е семејна фотка на семејството Ражнатовиќ и нивниот син, за истата не престанува да се зборува.
На фотката која е настаната во шума може да се види Богдана, Вељко и малиот Жељко, кого брачниот пар го доби во јуни оваа година. Името тој го доби по својот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ – Аркан, а за раѓањето на новиот наследник се пишуваше со денови.

Богдана на фотографијата лупи краставица, а Вељко без маица на себе го држи синот во скут, додека во десната рака држи пушка потпрена покрај неговото уво. Пред нив стои големо куче, а исто така може покрај нив има и скара, ќумур и спакувано месо.
Додека некои се воодушевени од фотографијата, останатите се со неверување, бидејќи досега такво нешто не виделе и сметаат дека претерале.
Но, по се изгледа семејството Ражнатовиќ уживало додека го правеле својот пикник.

– Знаеш од каде си сине, погледни ги сивите планини, цвеќето прецветало. Шумадиско сонце засијало… Поздрав од мајка Србија – напишал Вељко како коментар на објавената фотографија.


