Вкусови што се памтат: Српска кујна – Шуфнудли со кајмак (РЕЦЕПТ)

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Српската кујна е исклучителен белег на српскиот народ, а нивното гурманство и страста кон храната ја прави посебна. Во минатото, во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се „одигрувал“ секојдневниот живот, се собирало целото семејство.

Шуфнудлите се одличен избор за лесен ручек или малку поинаква вечера. Совршен избор од српската кујна за сите љубители на компирот и секако сите гурмани кои сакаат да пробаат нешто поинакво.

Состојки:

– 500 г компири
– 1 жолчка
– 150 г брашно
– малку сол
– 3 лажици сирење
– кајмак за прелив
– презла
– масло

Подготовка:

Сварете 500 грама компири додека убаво не омекнат, а потоа излупете ги. Додека се врели изгмечете ги и додајте сол, жолчка, сирење, брашно и со рака замесете меко тесто. Од тестото формирајте помали топчиња од кои со двете раце ќе формирате ролнички.

Ролничките ставете ги во подлабок сад кој ќе биде убаво полн со солена вода и варете ги додека не почнат да испливуваат на површината. Кога ќе бидат готови, поточно кога ќе испливаат на врвот на тенџерето извадете ги и внимателно извалкајте ги vo смеса со масло, презла и сусам. Ставете ги на загреана тава со масло и убаво пропржете ги. Откако малку ќе се оладат прелијте ги со кајмак.

За сите кои се по благото, на видеото е прикажана варијанта на благи шуфундли со шеќер:

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Гибаница со готови кори, на српски начин (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Ќебап, крал на српската скара (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот