Вкусови што се памтат: Српска кујна – Ќебап, крал на српската скара (РЕЦЕПТ)

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Српската кујна е исклучителен белег на српскиот народ, а нивното гурманство и страста кон храната ја прави посебна. Во минатото, во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се „одигрувал“ секојдневниот живот, се собирало целото семејство.

Ќебапчиња, кој може да им одолее?! Не можеме да ви дадеме рецепт како да им одолеете, но затоа можеме да ви дадеме еден супер брз рецепт за вкусни и сочни ќебапи! Избравме еден од многуте рецепти за домашни српски ќебапи, наједноставен, но и највкусен. Уживајте во подготовката.

Состојки:

– 1,5 кг мелено говедско месо
– ½ кг свинско месо
– 4-5 чешниња лук
– 2 лажички сода бикарбона
– сол и буковец по вкус

Подготовка:

Месото исечете го на коцки и убаво посолете го секое парче и полејте ги со 100 мл вода која претходно сте ја вареле со неколку чешниња лук. Водата со лукот треба да се прецеди и без чешнињата да се додаде во смесата. Измешајте убаво со месото и оставете ја во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден, двапати мелете ја смесата во мелница за месо, оставете ја да стои неколку часа на собна температура, а потоа повторно ставете ја во фрижидер.

По неколку часа во фрижидер извадете ја смесата и започнете да правите ќебапи, но претходно во смесата додадете ги двете лажички сода бикарбона.

Најубаво е да ги приготвите на скара, но доколку сте во стан може и во обична тава.

Еве и еден видеорецепт за подготовка на ќебапчиња.

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Караѓорѓева шницла, брилијантен изум на српските готвачи (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Пребранац, грав на српски начин (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Гибаница со готови кори, на српски начин (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот