Вкусови што се памтат: Српска кујна – Караѓорѓева шницла, брилијантен изум на српските готвачи (РЕЦЕПТ)

Фото: Профимедиа

Српската кујна е исклучителен белег на српскиот народ, а нивното гурманство и страста кон храната ја прави посебна. Во минатото, во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се „одигрувал“ секојдневниот живот, се собирало целото семејство.

Оваа недела ја посветуваме на СРПСКАТА КУЈНА, а како за почеток тоа ќе биде незаменливата -КАРАЃОРЃЕВА ШНИЦЛА.

Омилена во Србија, но и низ целиот свет. Караѓорѓева шницла е јадење што е создадено сосема спонтано, но успеа да освои многу гурмани. Постојат неколку варијации во подготовката на стекот од Караѓорѓе. Еве еден од нив:

Состојки:

  • 800 гр свинско филе или телешка нога
  • 80-90 гр кајмак
  • 30 гр брашно
  • 1 јајце
  • 30 гр лебни трошки
  • масло
  • сол

Подготовка:

Исечете го филето на средина за да добиете шницла со голема површина. Шницлите убаво истенчете ги со толчник за месо. Едниот раб на стекот обработете го малку повеќе, да биде потенок, така што ќе лепи полесно кога ќе се замотува. Наредете го кајмакот на подебелата страна на шницлата и обликувајте ролна.

По желба во полнењето може да се додадат и парчиња сланина и млечен кашкавал сечени на долги тенки парчиња.

Полнетото месо посипете го со брашно, потоа натопете го во изматено јајце од сите страни и на крај во лебни трошки.

Пржете го во поголема количина загреано масло се додека не добие златна боја од сите страни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот