Вкусови што се памтат: Српска кујна – Гибаница со готови кори, на српски начин (РЕЦЕПТ)

Фото: Јутуб- Принтскирин

Српската кујна е исклучителен белег на српскиот народ, а нивното гурманство и страста кон храната ја прави посебна. Во минатото, во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се „одигрувал“ секојдневниот живот, се собирало целото семејство.

Ако за некое јадење може да се каже дека го нема никаде, освен во Србија, тогаш тоа е гибаница – пита која има свои „роднини“ низ целиот регион, но може да се јаде вака само во Србија. Нејзиниот вкус е во согласност со една српска поговорка – „вкусно – прстите да си ги излижете“!

Еве еден од многубројните рецепти за српска гибаница.

Состојки:

– 500 гр кори за пита
– 300 гр сирење
– 2 чаши масло
– 2 – 3 јајца
– 1 чаша павлака
– малку сол ако сирењето не е доволно солено

Подготовка:

Изматете ги јајцата со малку кисела вода, потоа додадете го маслото и ренданото сирење и добро измешајте, па додадете павлака. Повторно измешајте ја смесата. Подмачкајте ја тавата и наредете ги корите.

Прво ставете една кора на дното од тавата, потоа стуткајте две кори и натопете ги во филот, потоа истегнете ги околу садот, ставете повторно една кора рамно, повторно две стуткани кори натопени во смесата и така сè додека не се потроши целата смеса. На крај покривате со две рамни кори.

Последните кори премачкајте ги со масло. Гибаница печете ја на умерена температура полека и прилагодете според јачината на вашата фурна. Послужете додека е топло.

Добар апетит!

 

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Караѓорѓева шницла, брилијантен изум на српските готвачи (РЕЦЕПТ)

 

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Пребранац, грав на српски начин (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот