ВИДЕО+ФОТО | Јелена Карлеуша го прослави 43-тиот роденден: Совршено стилизирана скокна во базен!
Поп – ѕвездата Јелена Карлеуша вчера, вторник, 17 август наполни 43 години, а овој пат недостасуваше гламурозната прослава која секоја година пејачката ја организира по повод нејзиниот роденден.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Јелена роденденот го прослави во кругот на најблиските, далеку од очите на јавноста, но и покрај тоа, совршениот стајлинг не изостана.
Пејачката носеше костим за капење кој ги истакна нејзините облини, над кои носеше гламурозна наметка, во нејзината омилена, светло сина боја, со многу тул и пердуви.
View this post on Instagram
Карлеуша позираше во дворот на новата семејна вила на Дедиње со роденденската торта на која беше претставена како сирена, а во еден момент, со целиот свој роденденски стајлинг, заврши во базенот.
– Вака изгледав за мојот 43 роденден. Ви благодарам на сите за честитките и најдобрите желби! Ајде да продолжиме со стил! Ни повеќе ни помалку! Ве сакам! – напиша Јелена.
View this post on Instagram
– Немав роденденска забава оваа година, бев во најтесниот круг на семејството и пријателите, се одмарав и ги полнев батериите за „Music Week“ пред нас! Подгответе сцената да грми сцената! – додаде пејачката, пренесува „Telegraf.rs“.


