ВИДЕО: Зверев го освои Завршниот мастерс во Торино
Германскиот тенисер Александар Зверев го освои Завршниот мастерс во Торино, откако вечерва во финалето го совлада Русинот Данил Медведев со 6:4 и 6:4.
Препорачано
Зверев во двата сета направи по еден брејк, па олимпискиот шампион против освојувачот на „УС Опен“ дојде до рутински триумф и трофеј после само 76 минути игра.
Германецот втор пат во кариерата го освои завршниот турнир во календарската година, а претходно победничкиот пехар го подигна во 2018 година во Лондон.
Зверев така ја заврши сезоната (со вкупно шест титули), нема да игра во „Дејвис купот“, но едвај го чека почетокот на 2022 година.
Your 2021 #NittoATPFinals champion:@AlexZverev ?pic.twitter.com/YzhijpMXOq
— ATP Tour (@atptour) November 21, 2021
– Беше навистина одлично. Играв против човек од кој загубив пет пат во низа. Морав да играм вака. Среќен сум поради овој успех. Ова е нешто посебно и многу сум задоволен. Едвај ја чекам следната година, ќе видиме што ќе се случи – рече Зверев после финалето во италијанскиот град.
Едноставно најдобар: Девет нереални рекорди на Ѓоковиќ во 2021 година


