ВИДЕО | Вујовиќ: Ако не игравме лошо во финишот, резултатот ќе беше подобар за Вардар

Вујовиќ вели дека во еден сегмент неговите играчи мора да бидат подобри пред ЛШ/Фото: слободен печат

Вардар загуби на реваншот од четвртфиналето во СЕХА лигата, 22:25 од ППД Загреб, но одигра одлично во текот на целиот натпревар.

Со триумфот во Скопје, 24:20 ракометарите на тренерот Веселин Вујовиќ поради подобрата вкупна гол разлика се пласираа на завршниот Ф4.

Вардар е единствен тим што по 10-ти пат ќе разигрува за титулата. Ривал во полуфиналето на македонскиот шампион ќе биде Мешков Брест.

– Чувствувам дека игравме навистина лошо во последните пет минути. Ако не беше така, резултатот ќе беше многу подобар за нас. Очигледно се мачевме во организиран напад и мислам дека тоа е нешто на што ќе треба да работиме за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите – рече Вујовиќ после мечот со ППД Загреб.

СЕХА: Вардар на Ф4 турнирот во Задар, за финале против Мешков Брест

Анте Кудуз кој беше активен и во делот на одбраната на скопскиот клуб, овојпат не се запиша во листата на стрелците.

– Сосема поинаков натпревар од оној во Скопје. Загреб очигледно играше за победа, но успеавме да ги држиме настрана. Во неколку наврати, тие очигледно беа блиску до постигнување на посакуваната победа, но ние успеавме да покажеме карактер, тимски дух и да се пласираме на завршниот турнир – беа зборовите на Кудуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот