ВИДЕО: Волкановски по петти пат ја одбрани титулата во УФЦ

фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перолесна категорија на УФЦ по петти пат во кариерата.

На настанот „УФЦ 290“, Волкановски победи со нокаут во четвртата рунда против Мексиканецот Јаир Родригез.

Австралискиот борец беше подоминантен во првите две рунди, третата беше добра за Родригез, но потоа дојде до прекин во четвртата.

Волкановски го притисна противникот, а потоа го фати и го фрли на грб и борбата ја заврши со удари на подот.

Австралиецот, кој има 34 години, сега има биланс од 26 победи и два порази во кариерата и е апсолутна легенда во перолесна категоријата на УФЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот