ВИДЕО: Волкановски е недопирлив, го победи Холовеј и остана УФЦ шампион

фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Александар Волкановски е апсолутен владетел во перолесната категоријата на УФЦ. Тој е непоразен во УФЦ откако потпиша за организацијат во 2016 година, а освен појасот во перолесната категорија, неговата кариера ја одбележа и ривалството со Макс Холовеј.

УФЦ 276 ни донесе одлична борба, Волкановски со едногласна судиска одлука го победи Холовеј и така го задржа појасот.

Австралиецот ја направи разликата во пет рунди со одлично движење што му овозможи да упати неколку одлични контра удари кон противникот.

На тој начин Волкановски по третпат го совлада Холовеј, кој според многумина е еден од најдобрите кои некогаш влегле во ММА октагонот.

Исто така, Исраел Адесања во пет рунди го совлада Џарен Кaноние и го одбрани УФЦ појасот во средна категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот