ВИДЕО: Во Бродец мечка се обидува да влезе во семејна куќа, мечките веќе станаа „постојани жители“ на шарпланинските села

Фото: Национален парк Шар Планина

Мечките веќе станаа постојани жители на шарпланинските села. На видеото подолу се гледа како мечка со мало мече се обидува да влезе во еден дом во шарпланинското село Бродец. Жителот на селото во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Но мечките се постојано во близина на селата.

„Слободен печат“ успеа да обезбеди снимки од мечки како одат низ нивите, во атарите на селата, се шетаат со мечињата како да се дел од мештаните на ова село.

Од Националниот парк Шар Планина велат дека добиваат поплаки за ваквите случаи, но мечката е заштитено животно и секој истрел кон неа е прекршување на законот. Но, сепак безбедноста на населението ни е е пред се, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина.

Постојано сме во координација со локалното население на Шара, имавме средба со надлежните министерства, а во понеделник ќе имаме уште една средба каде ќе треба да се дефинираат насоките во врска со оваа проблематика, додава Дехари.

„Мештаните бараат заштита. Случаите се пријавени во СВР Тетово исто така е пријавено во инспекторатот. Во Министерството за животна средина организиравме средба каде беа и преставници од Министерството за земјоделие.Со нив разговаравме што со таа мечка во Бродец, но и со другите мечки. Дојдовме до заклучок дека таа мечка не можеме да ја остреламе, заштитена е мечката и има мече. Ќе имаме во понеделник уште една средба, дали таа мечка ќе се дислоцира или ќе се преземе нешто друго, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот пар Шар Планина.

Главна причина поради која мечките се симнуваат до самите села се дивите депонии околу селата каде мечките се во потрага по храна, констатираат од Националниот парк Шар Планина.

„Мечките обично се движат кон депониите околу самите села и долж самата река. Таа мечка според информациите од локалното население се хранела од депониите и е научена да живее во тој дел.Затоа таа мечка има навика да биде меѓу луѓето. Сега има малечко и таа мечка има друг пристап си бара храна. Мечките лесно си наоѓаат храна на депониите и пак ќе речам човечкиот фактот е пресуден затоа што мечките се симнуваат до селата, тоа е така поради депониите, да не се тие нема што да бара мечката тука“, вели директорот Дехари.

На Шара се евидентирани 55 мечки. Пред два месеци се реализираше успешна акција за спасување на мечок на вработените од НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје.Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој беше заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот беше изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен.

„Има и други мечки кои се симнуваат. Пред неколку недели имавме случај со една мечка во село Бозовце. Имаше ескперти од Зоолошката градина и тие констатираа дека таа мечка имала 20 години и таа мечка секогаш се движела низ тоа село, не правеле проблеми. Ние за мечките имаме изготвено програма. Има експерти кои даваат насоки, ако таа не најде храна во депониите таа сама ќе се снајде во самата природа. Граница за дивиот свет нема. Исто така со Националниот парк Маврово комуницираме оти со нив граничиме, се координираме како да ги заштитиме овие видови животни, но безбедноста на човекот е на прво место. Има опции или да се дислоцираат мечките, но ако има моменти каде човекот е загозен, може и да се острела мечката“, вели директорот Ибрахим Дехари.

Инаку пред три месеци, од мечката која пред неколку дена се обидуваше да влезе во семејна куќа во селото Бродец се појави снимка, како таа го бара своето мече во брзите води на реката Пена.

Мечката најпрвин во потрага по мечето ја преминува реката од едната, а потоа и од другата страна. За околу една минута се појавува мечето, носено од брзата вода, а мечката скока по него во обид да го спаси. Реката ги носи надолу по течението, но од густата шума не може да се види каков е исходот. Во меѓувреме, додека трае оваа „спасувачка мисија“ се појавува уште едно мече долж реката кое ја следи случката, а постојано се слуша и завивање.

Оваа мечка имаше три мечиња, но сега како што посведочија снимките кои ги обезбеди „Слободен печат“ има само уште едно мече.

Инаку пред неколку дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња во селото Жировница

Во селото Жировница убиени мечка и две мечиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот